logo
logo
logo

КОЛКУ Е БОГАТ ШЕФОТ НА КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ - Мартин Попов пријавил две куќи, но...

Vecer | 26.05.2022

КОЛКУ Е БОГАТ ШЕФОТ НА КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ - Мартин Попов пријавил две куќи, но...

Анкетните листови на политичарите секогаш предизвикуваат внимание кај јавноста. Граѓаните сакаат да знаат колку се богати, и што е уште поважно, на кој начин се збогатиле избраните и именуваните функционери, и токму од тие причини, Државната комисија за спречување на корупцијата ги објавува нивните анкетни листови кога ќе стапат и кога ќе си заминат од функцијата, со цел да се види дали и колку се зголемило нивното богатство за време на нивниот мандат.

Неодамна на веб страната на Државната комисија за спречување на корупцијата беше објавен анкетниот лист на Мартин Попов, кој и стана уште повеќе познат на јавноста откако стапи на функцијата Шеф на Канцеларијата на претседателот на Владата Димитар Ковачевски. Мартин Попов е долгогодишен кадар на владејачката СДСМ.

Од имотниот лист на Мартин Попов може да се види дека тој има солиден имот, но најголемиот дел од неговото богатство отпаѓа на имотот на неговите родители. Мартин Попов како имот на неговите родители има две куќи, и тоа лоцирани во главниот град на државава.

Првата куќа е од 180 метри квадратни во Скопје, и е купена во 1981 година, бидејќи за неа е наведено дека е стекната со договор за купопродажба. За оваа куќа не е наведена нејзината вредност, која обично се објавува во анкетните листови на избраните и именуваните функционери.

Втората куќе е многу поголема, бидејќи станува збор за куќа со земјиште, од дури 1.100 метри квадратни, исто така лоцирана во Скопје. Таа куќа е добиена како наследство, во 1996 година, стои во анкетниот лист на Попов. И за втората куќа не е наведена вредноста, што значи дека јавноста не може да стекне впечаток за каков квалитет на градба станува збор.

Мартин Попов има и имот на брачен другар, моторно возило опел корса произведено во 2009 година, стекнато со договор за подарок, а неговата вредност е проценета на 180 илјади денари или на околу три илјади евра.

Како негов личен имот, пак, Мартин Попов има подобро возило, и тоа мазда од 2016 година, чија вредност е повисоика, односно 925 илјади денари, или 15 илјади евра, кое тој го купил, односно го стекнал со Договор за купопродажба.

Како свој личен имот шефот на Канцеларијата на премиерот има и два депозити во една од македонските банки, едниот девизен, а другиот денарски. Притоа, за девизниот депозит е наведено дека тој изнесува 6.000, но не е наведено која валута, па се претпоставува дека станува збор за евра. Денарскиот депозит, пак, се состои од 170 илјади денари или во противвредност од околу 2.700 евра. И двата депозити се стекнати на друг начин, стои во анкетниот лист.

Но, Мартин Попов има и долгови, и тоа два кредити. Првиот кредит е на 1.452.138, и тој е имот на брачниотр другар, а вториот од 174.644, при што не е наведено за која валута станува збор. Првиот кредит Попов со брачниот другар ќе го плаќа до 2031 година, што значи уште девет години, додека од вториот ќе се ослободи порано, односно во 2024 година. Инаку, двата кредита се земени лани, во 2021 година.

Мартин Попов за шеф на Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски беше именуван веднаш по формирањето на Владата, а беше советник во град Скопје и организациски секретар на СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk