logo
logo
logo

КОЛАРЕВИЌ И АБАЗИ СЕ КОАЛИЦИЈА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 19.05.2026

КОЛАРЕВИЌ И АБАЗИ СЕ КОАЛИЦИЈА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Коларевиќ и Абази се продолжена рака на коалицијата СДС и ДУИ, правосудството не смее да биде штит за криминалот на СДС и ДУИ

Случајот „Мазут“ е доказ дека СДСМ и ДУИ со години го користат правосудниот систем за свој личен штит и заштита на криминалот и личните партиските интереси. Случајот „Мазут“ е доказ дека тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител избран од владата на СДС во 1998 година, и на Вера Маркова, уставен судија во 2004 година, избрана од коалицијата СДС и ДУИ. Фамилијарни кариери во обвинителството на услуга на СДС. Абази кој дојде на местото на Русковска во ОЈО ГОКК, комшија на Ахмети од Зајас, кој функционира на начин како што Али Ахмети ќе му каже.

Коларевиќ и Абази, застанаа цврсто во одбрана на криминалот на функционерите на СДС и ДУИ наречен ‘Мазут’ вреден 167 милиони евра, и ги амнестираа Васко Ковачевски, Асмир Јахоски, Адријан Муча, Ратко Капушевски и Ерџан Сулковски без да ги спроведат во судница“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму прашуваат што стои зад запирањето на постапката – дали корупција, односно подмитување на обвинителите и зошто Советот на јавни обвинители на Башким Бесими молчи и не бара одговори за стопирањето на постапката?

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е потребна итна, независна и целосна истрага за сите аспекти на случајот „Мазут“, како и одговорност за секој што евентуално ја злоупотребил својата функција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk