Полицијата ноќеска на локалниот пат Илинден–Марино го уапсила 41-годишниот Д.В. од Скопје, кој управувал автомобил под дејство на алкохол и без возачка дозвола.
При контролата било утврдено дека возачот на „Опел“ имал 2,13 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а за случајот е известен јавен обвинител.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период, а МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата