Дали користите Google за пребарување информации за соседните и другите европски земји? Еве што покажува една интересна студија.
На платформата Икс (Твитер) се појави интересна мапа која покажува кои земји најмногу ги пребаруваат читателите на пребарувачот Гугл.
Според оваа карта некоја информација или вест од Србија најмногу се бара на Гугл во Црна Гора и Македонија. Мапата покажува и дека Србите најмногу на Гугл пребаруваат за Косово, кое според креаторите на мапата се води како независна држава во Европа, додека Албанија е најгуглана на Косово.
Македонија е најгуглана од Србите коа се бараат информации и вести од нашата држава.

Кога станува збор за регионот, Хрватите најмногу на Гугл пребаруваат за Германците, додека Словенците и Босанците сакаат да гуглаат за Хрватите.
Поголемиот дел од остатокот од Европа е главно окупиран од Соединетите Американски Држави, Германија или Русија.
Од поголемите земји во Европа, Франција е најгуглана во Италија и Шпанија, Турците и Грците се опседнати со Германија, како и Унгарците, Австријците, Полјаците и Романците.
САД се главна тема во Русија, Германија и Франција, додека Русите се тема на Google пребарувања во Украина, Чешка и Словачка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата