logo
logo
logo

КОЈ ЌЕ „ЛЕТА“ ОД БИХАЌКА ЗА ДЕБАКЛОТ? Се спремаат за отчет па избори

Vecer | 15.05.2024

КОЈ ЌЕ „ЛЕТА“ ОД БИХАЌКА ЗА ДЕБАКЛОТ? Се спремаат за отчет па избори

Извори од СДСМ за медиумите брифираат дека во тек се подготовки за процесите што ќе се случуваат во партијата, согласно статутарните постапки и она што беше јавно соопштено досега, по изборите.

Наредната недела се планирани состаноци на раководството на СДСМ и Извршниот одбор за отпочнување на постапката за свикување отчетен Конгрес, согласно Статутот на партијата.

На отчениот Конгрес ќе се рагледаат причините за изборниот резултат, спроведените анализи и поднесените извештаи за работењето на партијата.

Согласно Статутот, се очекува на отчениот Конгрес да бидат дефинирани рокови и начин на спроведување на внатрепартиски избори. Процесот на обнова ќе биде на сите нивоа, ќе се избира претседател, заменик претседател, раководство, сите органи и тела на партијата на централно и локално ниво, согласно Статутот на СДСМ.

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија(ДИК), коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Твоја Македонија освои 58 пратенички места, коалицијата на СДСМ 18, ДУИ 19, коалицијата Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6 мандати.

Лидерот на партијата, Димитар Ковачевски вечерта на 8-ми мај порача дека изборниот резултат е разочарувачки. Според него, на СДСМ му е зададен тежок удар не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и од поддржувачите на партијата.

Членови на партијата повикаа на оставки веднаш – а не со одложено дејство и условени. Од партиските функции веќе најавија дека се повлекуваат Фатмир Битиќи, Перо Костадинов и Јованка Тренчевска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk