logo
logo
logo

Кој ќе биде АМБАСАДОР ВО БУГАРИЈА, местото скоро една година е празно

Vecer | 20.01.2022

Кој ќе биде АМБАСАДОР ВО БУГАРИЈА, местото скоро една година е празно

Кој ќе биде македонски амбасадор во Бугарија. Земјава речиси една година нема амбасадор во земјата која го блокира патот кон Европската Унија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за бугарската БТВ најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, министерот Османи оценил дека е грешка што во текот на овие години Македонија немала амбасадор во Бугарија, но изразил надеж дека во следните денови тоа ќе се случи.

Последниот амбасадор на Македонија во Бугарија беше Марјан Ѓорчев чиј мандат заврши на крајот на март 2020 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk