logo
logo
logo

Кој е ОДГОВОРЕН ЗА ПРОБИВАЊЕ НА ТЕСТОТ ПО АНГЛИСКИ за државната матура?

Vecer | 12.06.2023

Кој е ОДГОВОРЕН ЗА ПРОБИВАЊЕ НА ТЕСТОТ ПО АНГЛИСКИ за државната матура?

Откако беше „пробиен“ тестот по англиски јазик за државната матура и реакциите во јавноста, сега се бара чија е одговорноста.

Министерството за образование и наука информира дека од Државниот испитен центар побарало да се лоцира одговорноста меѓу учесниците во спроведувањето на државната матура за, како што наведува „направениот пропуст при полагањето на вториот екстерен испит по англиски јазик“.

Иако тестот не им бил достапен на учениците пред полагањето, односно истиот е споделен меѓу матурантите преку апликација за електронска комуникација за време на самото полагање, сепак, тоа е пропуст кој никако не требало да се случи и повлекува соодветна одговорност. По добивањето на информациите од ДИЦ, тие ќе бидат споделени со јавноста, соопшти МОН.

Информира и дека побарало од оваа година полагањето на испитите да се спроведува во поголеми простории во училиштата, како на пример во училишните сали и холови каде би биле сместени сите матуранти кои се пријавени за полагање државна матура и со присуство на повеќе тестатори и набљудувачи.

Но, поради случувањата во ДИЦ, штрајкот на вработените непосредно пред датумите за спроведување на државната матура, тие не се случија. Така што, очекуваме промените да се иплементираат во следната учебна година, со што ќе се намалат ризиците од можни нерегуларности кои би ја довеле во прашање веродостојноста на резултатите, соопшти Министерство за образование и наука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk