logo
logo
logo

КОГА ПАМЕТ? ВОЗЕЛ ПИЈАН СО 2,10 ПРОМИЛИ – Полицијата го приведе

Vecer | 25.05.2025

КОГА ПАМЕТ? ВОЗЕЛ ПИЈАН СО 2,10 ПРОМИЛИ – Полицијата го приведе

МВР информира дека вчера во 12 часот на ул. „Брегалничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.Н.(44) од с. Уларци, oпштина Чешиново-Облешево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,10 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk