logo
logo
logo

Кога Филипче вели дека народот треба да учи од Заев, ДАЛИ МИСЛИ НА КРИМИНАЛОТ ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГЛОБАЛ?

Vecer | 29.04.2025

Кога Филипче вели дека народот треба да учи од Заев, ДАЛИ МИСЛИ НА КРИМИНАЛОТ ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГЛОБАЛ?

Кога Филипче вели дека народот треба да учи од Заев, дали мисли на криминалот од 8 милиони во Глобал? – прашува Валентин Манаесивски од ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче вели дека нема друг како Заев и дека народот треба да учи од него, дали мисли и на тоа како да се направи криминал од 8 милиони евра и да не се одговара?

Заев беше фатен во криминал од 8 милиони евра, требашe да заврши зад решетки и беше амнестиран од Црвенковски.

Дали Филипче е воодушевен и од тоа? И дали и на тоа мислеше кога го фалеше Заев? Или пак тоа може ќе го осуди?

Венко Филипче треба да каже дали се воодушевува на криминалот на Заев, кој му донесе милиони евра? А благодарение на СДС остана неказнет.

Добро е што Венко Филипче призна и кажа се. Народот сега нема простор за двоумење и знае што Венко Филипче сака. Тој сака да биде криминалец како Заев, вели тој

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk