logo
logo
logo

КОЧАНЦИ СЕ ИСКРШИЈА НА МРАЗОТ - Над 40 граѓани со скршеници за три дена

Vecer | 17.02.2021

КОЧАНЦИ СЕ ИСКРШИЈА НА МРАЗОТ - Над 40 граѓани со скршеници за три дена

Кочанци се искршија на снегот кој и оваа година ги изненади надлежните. Ненавремената реакција на општините и институциите доведоа до тоа  да замрзнатите улици станат голема опасност по здравјето на граѓаните.

Вкупно 44 граѓани за само три дена побарале лекарска помош во хируршкото одделение на Општата болница со проширена дејност во Кочани. Главно се работи за скршеници и други посериозни повреди предизвикани од паѓање на мраз и снег на тротоарите и улиците.

– Невообичаено голем број граѓани се јавија кај нас на хирургија за краток период, при што само осуммина беа во текот на вчерашниот ден. Сите имаа контузии, крварења, исчашувања или скршеници на екстремитетите. Се пожалија дека паднале на голомразицата. По санирањето на повредите и укажаната лекарска помош, пуштени се на домашно лекување, а за неколкумина е потребен и оперативен зафат, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница во Кочани.

Од КЈП „Водовод“ информираа дека нивни екипи постојано се на терен и ги расчистуваат улиците и подмрзнатите тротоари. Главните улици низ Кочани се проодни за сообраќај, но ниските температури во вечерните и раните утрински часови го отежнуваат сообраќајот и движењето на пешаците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk