logo
logo
logo

Ќе се објави СЕКОЈ КОЈ ИМАЛ БУГАРСКИ ПАСОШ од Македонија

Vecer | 22.09.2023

Ќе се објави СЕКОЈ КОЈ ИМАЛ БУГАРСКИ ПАСОШ од Македонија

Со последната измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест, рече бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Бугарските парламентарци, претходно без дебата ги разгледаа и поминаа на прво читање предлог измените на Законот за бугарско државјанство, поднесен од лидерот на Преродба Костадин Костадинов и група пратеници од 10 мај годинава, како и тие на Николај Алгафари (ГЕРД-СДС) и група народни пратеници и Радомир Чолаков (ГЕРБ-СДС) и група народни претставници.

Гласањето на измените го поздрави и бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, порачувајќи дека неговата лична битка повеќе од десет години е на пат, конечно да стане реалност. Тој на Фејсбук објави дека церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна, а регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен.

Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говорот на омраза и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари. Очекувам брзо усвојување на второто читање на измените на законот, изјави Ковачев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk