logo
logo
logo

ЌЕ СЕ ДИШЕ ЛИ СЛОБОДНО?! Од 1 јуни НЕМА МАСКИ!

Vecer | 24.05.2021

ЌЕ СЕ ДИШЕ ЛИ СЛОБОДНО?! Од 1 јуни НЕМА МАСКИ!

Маските нема да бидат задолжителни на отворено од 1.јуни, дознава Локално.мк.

Епидемиолошката состојба во земјава се подобува, бројот на новозаразени лица и хоспитализирани се намалува, па оттука Комисијата за заразни болести најверојатно ќе предложи укинување на оваа мерка.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани. Според Министерството за здравство, прва доза вакцина вчера примиле 4.123 граѓани, а само вчера се вакцинирале 4.148 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.

Од МЗ соопштија и дека во последните 24 часа согласно податоците од Институтот за јавно здравје, се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани се 89 оздравени пациенти од:Скопје – 51, Куманово – 9, Кочани, Струмица и Радовиш – по 3, Кичево, Тетово, Велес, Штип и Ресен – по 2, Охрид, Битола, Виница, Гостивар, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица: 7 лица од Скопје (48г,57г,64г,85г, 91г,91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г).Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

Министерот за здравство, Венко Филипче оцени дека по три силни брана вирусот конечно стивнува и дека сега го имаме најсилното оружје за борба со вирусот – вакцината.

„Само со масовна вакцинација на што поголем број граѓани ние ќе спасиме човечки животи и ќе ставиме крај на пандемијата“.

Министерот вели дека вакцинацијата е единствениот начин да го вратиме животот онаков каков што го знаеме, да ги вратиме дружбите,прославите и забавите.

„Колку побрзо и повеќе граѓаните се вакцинираат толку побрзо ќе ги прославуваме поводите за радост, родендените на саканите и свадбите на блиските. Вакцинацијата ни ја враќа слободата да ги прегрнеме нашите блиски, роднини, баби и дедовци“, додава тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk