logo
logo
logo

Кинеските вакцини откажани за Македонија?

Vecer | 27.02.2021

Кинеските вакцини откажани за Македонија?

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека причината за доцнењето на кинеските вакцини лежи во македонската власт.

Оттаму обвинуваат дека Владата постојано лаже за набавката на вакцини.

„ Имам информација дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма, па затоа прашуваме јавно дали е вистина дека е вратен авансот за кинеските вакцини и воедно кои се причините доколку е вистина дека е вратен, иако нашите информации говорат дека е вратен и не само што ќе доцнат туку ние нема да добиеме вакцини од кинеската фирма во идниот период, “ изјави портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Душко Арсовски.

Министерот за здравство Венко Филипче пак денеска најави дека во следните неколку денови ќе може точно да каже кога ќе пристигнат двете количини вакцини против Ковид – 19, односно и кинеските и руските.

Тој изјави дека не сака да шпекулира, па затоа датумот ќе го соопшти кога ќе биде потврден од двете страни. Филипче и додаде дека очекува разговорите да завршат што е можно поскоро.

„ Од Фајзер за којшто го очекуваме драфт договорот. Со руската компанија интензивно разговараме сега овие денови после поптишувањето на договорот и секако со кинеската“, изјави министерот Филипче, кој денеска беше во посета на гостиварската болница каде е пуштен во употреба модуларниот КОВИД центар.

Тој додаде дека преку сајтот и преку матичните лекари се пријавени малку граѓани во онаа прва категорија над 70 години.

Филипче апелираше до до матичните лекари да ги пријавуваат граѓаните своите над 70 години со хронични болести со првата следна приоритетна следна група да се пријавуваат и да ги внесуваат податоците во системот мој термин затоа што тие ќе бидат првите веднаш после лекарите и медицинските сестри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk