logo
logo
logo

Килограм чист кокаин откриен при претрес во Велес

Vecer | 30.11.2024

Килограм чист кокаин откриен при претрес во Велес

Во петокот вечерта (29.11.2024) околу 18.45 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода 43-годишниот Д.С. и 33-годишниот Р.С), и двајцата од Велес, информираше во саботата Министерството за внатрешни работи.

Имено, при претрес во домот на С.Т., на 49-годишна возраст од Велес, извршен од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основен суд Велес, во присуство и на адвокат, каде биле затекнати и Д.С. и Р.С., биле пронајдени и одземени килограм кокаин, бела тврда материја, течност со остатоци од бела прашкаста материја, гасен пиштол „зораки”, вага и прибор за приготвување на наркотични дроги и други предмети.

Д.С. и Р.С. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по насоки на јавен обвинител на лице место се обезбедува С.Т., поради здравствени причини. Извршено е вештачење во Одделот за форензички испитувања и против С.Т., Д.С. и Р.С. поднесена е кривична пријава по брза постапка за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, предвидено по член 215 од КЗ, истакнуваат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk