logo
logo
logo

Кичевските бездомници СИ НАШЛЕ ВТОР ДОМ ВО ИДНАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА

Vecer | 15.01.2022

Кичевските бездомници СИ НАШЛЕ ВТОР ДОМ ВО ИДНАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА

Најголемиот број улични питачи кои ги има во Кичево од други градови, својот втор дом во овој град го пронајдоа во идната општинска зграда во средиштето на Кичево. Тие го користат периодот кога за овој објект никој не води грижа а тоа им ја олеснува работата бесплатно да живеат подолг период во идната општинска зграда што потврдија и од кичевската локална самоуправа.

-Неодамна дојдовме до информацијата дека уличните питачи без ничија дозвола  свое прибежиште подолг период пронашле во идната општинска зграда. Тие за да можат да ги користат просториите на овој објект или ги искршиле приземните врати и прозорци на зградата или некој за свои потреби го направил тоа, со што обезбедиле непречен влез во овој објект-нагласи Емин Насуфи од општина Кичево.

Тој порача дека со доаѓањето на пролетта ќе започнат градежните работи на реновирање на идната општинска зграда, со што ќе се стави крај на престојот на питачите во овој објект.

Насуфи посочи дека покрај зградата со овој зафат ќе биде комплетно преуредена а идниот општински двор и целиот локалитет ќе се претвори во пријатно катче за работа и прошетки во потоплиот дел од годината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk