logo
logo
logo

СКАНДАЛ: Градоначалникот на Кичево ДЕХАРИ во љубовна афера со вработена?!

Vecer | 15.10.2025

СКАНДАЛ: Градоначалникот на Кичево ДЕХАРИ во љубовна афера со вработена?!

Скандал ја тресе општина Кичево. Објавени се аудио снимки на Фејсбук од извесен профил Ел Чека, а  од кои се сугерира дека актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари е во врска со вработена во општината, веројатно, од неговиот кабинет. 

Од Фејсбук-профилот на Ел Чека се сугерира дека станува збор за гласот на Дехари кој ја повикува вработената да дојде до него, да му седне во скутот, а се слуша нешто како бакнеж. Според профилот, експлицитни се сексуалните алузии во разговорот меѓу Дехари и неговата вработена.

Описот вели дека Фатмир Дехари ја чека во неговата канцеларија неговата вработена и откако почнува да ја допира, доаѓа до бакнување.

-Девојките кои работат во општината треба да го прашаат градоначалникот пред да си одат, но ниту градоначалникот не ги прашува. Директно ги бакнува, се наведува во описот на видеото.

Се алудира дека бара на вработената да се заврти за да ја погледне подобро, обраќајќи ѝ се со зборовите „свиња бе“.

Ова однесување кон вработените во општината е неприфатливо и недозволиво!

Според текстот во видеото, еве што вели Декари: „Дојди мори жено на бившиот директор. Влези еднаш со овој стил. Кога ќе ми се вратиш на работа? Во вторник следната недела?Мрдни ајде не се криви сега. Направи некое движење. Свиња таа“.

Описот на ова видео вели дека во работно време, во општинската зграда, во канцеларијата на градоначалникот на Кичево, се случуваат овие скандали.

„Епа кичевскиот Дон Жуан, благодарение на своето богатство и власт, успеал да прави вакви недолични постапки во општинската зграда“, пишува таму.

По ваквите аудио снимки, албанските новинари во Македонија бараат оставка од Дехари, кој инаку е во трка за нов мандат.

Screenshot

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk