logo
logo
logo

Кичевчанецот кој може има МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ИЗБЕГАЛ ОД БОЛНИЦА

Vecer | 10.08.2022

Кичевчанецот кој може има МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ ИЗБЕГАЛ ОД БОЛНИЦА

Лицето од Кичево кое можно да има мајмунски сипаници наводно избегал од болница. Инаку станува збор за 43-годишно лице кое можеби е заразено од мајмунски сипаници.

По 3 недели престој во Австрија, побарал лекарска помош кога се вратил. Од кичевската болница велат дека на одделението пристигнал во понеделникот со симптоми на изнемоштеност и видливи траги на кожата. Од првите прегледи на дежурниот лекар му било препорачано да остане во болница и да се тестира за мајмунски сипаници. Но, според тамошните власти, кичевчанецот побегнал и не го посетил ниту матичниот лекар, објави Алсат.

„Овој пациент првично се пријавил кај матичниот лекар во понеделникот и веднаш бил упатен, иако имале тешка соработка со пациентот. Во моментов не можам да одговорам дали е примен на Инфективна клиника или не. Тој беше во нашата болница во понеделник-вторник и му беше укажано да оди на Инфективна клиника во Скопје, но не се појави во дежурната служба, па затоа потенцирам дека имавме тешка соработка со пациентот и не знам што друго да ви кажам во моментов“, изјави Станко Трпески, директор на болницата во Кичево.

Според здравствениот протокол, осомничениот заболен од мајмунски сипаници со возило на брза помош требало да биде пренесен на Инфективната клиника во Скопје. Подрачната болница нема средства за вакви испитувања, но директорот на Здравствениот дом во Кичево рече дека пациентот не се појавил ниту во Одделението за брза помош.

Од Министерството за здравство велат дека на Инфективната клиника нема пациент суспектен за мајмунски сипаници. Оттаму соопштија дека има едно лице за кое постои сомневање дека е заразено и кому му е препорачано да се тестира. После тоа било побарано епидемиолошко истражување на неговите контакти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk