Осудениот на 3 години затвор во случајот “Рекет”, Зоран Милески-Кичеец е еден од учесниците во сообраќајната несреќа која попладнево се случи кај Стража, дознава неофицијално Телма, а во која има еден загинат и седуммина повредени,
Кичеец во моментов треба да е на доиздржување на затворската казна, но, според изворите на Телма, бил пуштен на слободен викенд. Има одлежано дури и повеќе од половина од казната, со што може да користи ваква погодност, доколку затворската управа тоа го дозволи. Беше однесен во притвор на 15 јули 2019 а во 3 годишната затворска казна, му се смета и тој период.
Милески е единствениот што призна вина за случајот Рекет, во кој се осудени и Катица Јанева и Боки 13 и со спогодба ја доби најниската затворска казна.
Едно лице загина, а седуммина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладево се случи на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселските гробишта.
Во несреќата учествувале три моторни возила: џип мерцедес, патничко возило БМВ и камионет.
Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата , седум се пренeсени во гостиварската општа болница за укажување лекарска помош. Јавен обвинител и полицијата вршат увид, а од 15:30 во прекин е сообраќајот во двете насоки и се пренасочува преку гостиварското село Церево.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата