Јован Костадинов од Виница кој за време на пожарот во Кочани спасил дваесетина животи, кој се смета за херој со аплауз беше беше пречекан од учениците во дворот на гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница.
Јован успешно се опорави откако првично беше згрижен во Клиничкиот центар во Скопје.
На социјалните мрежи, граѓаните му се заблагодаруваат на Јован, за кого велат дека е „ херој“ на колективната трагедија што ја обви цела земја во темнина.
Општина Виница веќе објави дека ќе го одликува, а ќе побара и Владата да го стори тоа.
„Беше надвор за време на пожарот, успеа да најде вода во близина, ја натопи маицата, ја стави на лице и без двоумење влезе внатре низ страничната просторија за да спаси луѓе“, стоеше во една од објавите на социјалните мрежи.
Мајката Јадранка Бреслиева која тврди дека Јован ѝ го спасил детето и на грб го однел во болница.
„Со голема благодарност и емотивна почит, би сакал да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 деца во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот“, објави меѓу другото мајката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата