logo
logo
logo

ЌЕ СООБРАЌАМЕ ИЛИ САКАМЕ ДА ГО КРШИМЕ ЗАКОНОТ? За два дена издадени 1.452 налози од сообраќајни контроли

Vecer | 08.05.2025

ЌЕ СООБРАЌАМЕ ИЛИ САКАМЕ ДА ГО КРШИМЕ ЗАКОНОТ? За два дена издадени 1.452 налози од сообраќајни контроли

Во Македонија сега возниот парк надминува 700.000 возила, од кои над 600.000 се патнички автомобили.

При минимални контроли, статистиката покажува максимално непочитување во сообраќајот: брзо возење, непрописно паркирање, возење без возачка, без појас итн.

Па така, МВР соопштува дека на подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи во текот на изминатите два дена (06/07.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 1452 платни налози по преземени мерки особено по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ).

Според статистичките податоци и натаму најголемиот број изречени прекршоци од страна на возачите – 436 се однесуваат на непрописно паркирање, а 258 се однесуваат на непочитување на брзината на движење.

По однос на останатите евидентирани прекршоци, за непоседување на возачка дозвола изречени се 132 санкции, потоа дури 162 мерки за некористење на сигурносен појас, како и 44 прекршоци за возачите на мотоцикл за неносење на заштитна кацига. Потоа следат 85 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење, како и 11 прекршоци што ги сториле пешаците.

Во рамки на контролите, исто така во четири случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, 21 возач управувал возило со недозволено ниво на алкохол во крвта, а евидентирани се и 15 прекршоци за нерегистирани возила и за техничка неисправност согласно Законот за возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk