По смирување на цените на нафтата, доколку не се вообноват судирите на Блискиот исток, веќе наредната недела Македонија може да очекува намалување на цените на горивата. Досега, Македонија имаше најмали цени на горивото во регионот.
Премиерот Христијан Мицкоски најави намалување на цените на горивата на следната седница на Регулаторната комисија за енергетика, при што се очекува поевтинување на дизелот и бензините.
Како што соопшти тој на прес-конференција во Владата, цената на ЕВРОСУПЕР 95 и ЕВРОСУПЕР 98 треба да се намали за 1,5 денари, додека дизел горивото ќе поевтини за 2,5 денари.
Мицкоски информираше и дека останува во сила попустот од ОКТА од два денари за нејзините партнери, што дополнително влијае на конечните малопродажни цени.
Тој нагласи дека државата обезбедува стабилни и навремени залихи на енергенси за граѓаните, додавајќи дека продолжува трендот на полнење гориво во Македонија од страна на возачи од соседните земји, особено во пограничните региони.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата