За само девет месеци од годинава Комерцијална банка констатира профит од 72 а Стопанска банка од 45 милиони евра, покачивање на профотите до 45% !!! во однос на минатата година. Голем дел од тие огромни заработни на мал пазар како Македонија се од банкараските провизии- за се и сешто. Буквално, со самиот влез во банката вие веќе треба нешто да им платите без оглед дали и каква услуга ви извршиле.
Комерцијална банка, на пример, од камати заработила 72 милиони евра или “само“ 16% покачување на профитот во однос на лани, а профитот им е покачен за 45% што значи дека главниот скок на заработката не им е од камати туку - од услуги и провизии. Расходите, оперативите трошци за плати и слично им се зголемиле за само 13%.
Патем, платите на вработените во македонските банки ни одблизу не го следат растот на банкарските профити па луѓето со кои граѓаните контактираат на шалтерите и во банкарските служби имаат плати околу или под државниот просек за соодветно ниво на образованите додека шефовите, директорите и управните одбори имаат плати далеку поголеми од било која гранка во економијата.
Банките штедат и намалуваат број на вработени и на трошоци со затворање експозитури и прем на дигитално работење а нивните услуги, и покрај тоа, стануваат се поскапи и без реални трошоци па секое подигање пари од банкомат па дури и проверка на сметката, дури е од “својата“ банка, е се поскапо а и за другите услуги важи истото правило иако се помлаку луѓе го сервисираат процесот, трошоците ги намалуваат, а еден ист компјутер/сервер работи за сите и нема нови трошоци дали 100 или 1.000 луѓе денес пристапиле до банкомат или до услуги од банката преку сајт или апликација.

Накусо, парите кои банките ги наплаќаат дури и за “добар ден“ како услуга или провизија завршуваат во мал круг луѓе а милион штедачи, работници и пензионери, или вработени во компаниите кои се задолжуваат го плаќаат тоа нивно брзо богатење. Контрола врз каматите и банкарските провизии имаат државните органи, и имаат обврска оа грабање до ниво на лихварство да го доведат во ред. Државниот систем, пред се, постои за граѓаните а не за комодитет на банкарите. Државата делот на банкарски провизии и цени на услуги “за се и сешто“ па и каде што нема трошоци на банката мора да го координираат со релно завршената услуга и стандардот на граѓаните како и банкарските реални, а не надуени, трошоци и провизии.
Либерално-демократската партија повикува на итно усвојување на измените на Законот за платежни услуги и платни системи по скратена постапка, со цел заштита на граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките. ЛДП вторпат ги поднесува овие измени, откако веќе еднаш минатата година поднесе иницијатива за истото прашање но, СДСМ и ДУИ не го прифатија.
Оттаму велат дека според последните анализи, добивката на банките во вториот квартал од оваа година е зголемена за 35,3% во споредба со истиот период минатата година.
– Истовремено, граѓаните се соочуваат со високи банкарски трошоци и провизии за услуги од секојдневието, како што се одобрување кредити, тековно одржување на сметки, проверка на состојба на трансакциска сметка, па дури и повлекување готовина од друга банка. Иако овие прашања делумно се предмет на интерната политика на банките, потребна е законска регулатива која ќе ги заштити граѓаните и ќе воведе поголема транспарентност и праведност во работењето – посочуваат од ЛДП.
Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, нагласува дека со измените на Законот што беа поднесени минатата година, се предвидени конкретни мерки за регулирање на банкарските провизии, како и воспоставување на правна рамка за ограничување на трошоците кои банките ќе можат да им ги наметнуваат на граѓаните.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата