logo
logo
logo

Катедрата за македонски јазик на универзитетот „Гоце Делчев“ ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

Vecer | 07.07.2022

Катедрата за македонски јазик на универзитетот „Гоце Делчев“  ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип е против прифаќање на т.н. „француски предлог“ поради штетните последици што произлегуваат од него.

„Одбиваме научната и педагошката работа во Македонија да биде ставена во заложништво на цензура од странска земја, особено не од земја што со децении наназад демонстрира презрив, ненаучен, неевропски и нехуман однос токму кон македонистиката. Нашите предци ни ги оставиле македонскиот јазик и македонскиот идентитет без рок на траење и без можност за замена со евентуално зачленување во какви било сојузи за 20 или 50 години од денес“, се вели во ставот на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип при Универзитетот „Гоце Делчев“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk