logo
logo
logo

Катастрофален број на сообраќајки на ова место за само три години – бугарскиот Институт за безбедност обвини, државата не ја интересира!

Vecer | 26.11.2021

Катастрофален број на сообраќајки на ова место за само три години – бугарскиот Институт за безбедност обвини, државата не ја интересира!

Имено бугарската „OnAir“ пренесувајќи ја анализата на Институтот за безбедност на патиштата, пишува дека во последните три години на автопатот „Струма“ се случиле десет сообраќајни несреќи. Тие пишуваат дека доколку функционирале институциите некој ќе го истражел случајот зошто таму се случуваат често сообраќајни несреќи. „Доколку имаше некој да излезе на терен, местото ќе се истражеше, а потоа ќе се откриеше дека кривината за одмор и начинот на која е обележана и направена е изложена на висок ризик за случување на кобни несреќи. Сега по тешката несреќа, сето ова е факт“, пишува Институтот. Во писмото кое го објави бугарскиот медиум тие пишуваат дека овие неколку дена се вложија сите напори за да се покаже колку опасно е означен автопатот, заштитната ограда како и светлосната сигнализација, но ние тоа го знаеме уште пред несреќата, обвинуваат од таму. „За овој процес не се потребни телевизиски експерти, туку докажани експерти за управување со ризик, експерти кои не би дозволиле политичарите да им кажуваат што да прават и обратно, експерти кои ќе им кажуваат на политичарите што да прават“, велат тие.    

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk