logo
logo
logo

КАСАМИ СЕ ФАТИ ЗА ЛОПАТА: Тетовскиот градоначалник чистеше снег (ВИДЕО)

Vecer | 23.01.2022

КАСАМИ СЕ ФАТИ ЗА ЛОПАТА: Тетовскиот градоначалник чистеше снег (ВИДЕО)

Градоначалникот на Тетово или лидер на Беса, Билал Касами реши и тој да зачисти од снегот по тетовските улици.

Ксами објави фотографии и видео на својот фејсбук профил, од кои може да се види како тој, заедно со комуналните работници, со лопата во рака, расчистува снег.

„Додека сите на овие ниски температури се во своите домови, хероите на градот се грижат за јавните простори. Вечерва заеднички ги исчистивме тротоарите од снегот и мразот создаден од ниските температури .Безбедноста и слободното движење на граѓаните е наша должност“, напиша на Фејсбук.

Тој беше избран за градоначалник на локалните избори што завршија во ноември, кога ја победи кандидаткаа на ДУИ и доскорешна градоначалничка на Тетово, Теута Арифи.

Претходно, Касами беше пратеник во два мандати, а по локалните избори неговата партија се врати во опозиција, напуштајќи ја коалицијата со СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk