Доцна синоќа некаде околу 23: 05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“ и бул.„Борис Трајковски“ се случил вистински карамбол.
Имено, во сообраќајната незгода се судриле 5 возила, и тоа патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(50) од Студеничани, Скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(28) од Скопје, патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(30) од с.Студеничани, патничко возило „хјундаи аксент“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А.(25) од с.Батинци, Скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје.
Во незгодата, на местото починале возачите Р.А. и Х.С.. Со тешки телесни повреди се здобил малолетник во возилото „фолксваген пасат“, а со телесни повреди се здобиле сопатниците во истото возило Ф.А.(49), Н.А.(23) и две малолетни лица, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобиле и возачите О.А. и Е.Б.. По укажаната лекарска помош, О.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Увид на место извршила екипа на СВР Скопје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата