logo
logo
logo

Камчев побара да не биде сведок бидејќи за ,,Меѓународен сојуз’’ бидејќи незаконски му е одреден притвор

Vecer | 18.03.2021

Камчев побара да не биде сведок бидејќи за ,,Меѓународен сојуз’’ бидејќи незаконски му е одреден притвор

На денешното сведочење за случајот ,,Меѓународен сојуз’’ Камчев бараше да биде изземен како сведок бидејќи надвор од сите законски одредби, со грубо кршење на законот и вршење директна тортура врз него му е изречен притвор со што се создадени вештачки притисоци и со тоа тој не може да биде кредибилен како сведок пред Обвинителството.

Откако Обвинителството и судот не го прифатија истото, во сведочењето тој и на одговорите на Обвинителството и на одбраната јасно им посочи дека ,,Меѓународен сојуз’’ и ,,Рекет’’  се едно исто, односно се работи за ист случај кој започнал пред предметот ,, Империја’’ и чија жртва директно и  сè уште е тој.

Тој вели дека прв пат во есента 2018 му биле понудени двата конкретни  проекти од страна на Лазар Јанев, синот на Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец, a кои тој ги одбил поради нивна економска неоправданост и посочи дека воопшто немал контакт со Меѓународен сојуз. За Меѓународен сојуз имал само некои информации кои ги добил единствено од телефонски разговори со Оливера Трајковска.

Доколку Обвинителството сака потврда дека тоа е се што Јордан Камчев има како сознание за Меѓународен сојуз може да ја искористи примената на пи –мерки од неговиот телефон кој е следен за да се утврди дека тоа е се што тој знае за Меѓународен сојуз.

Јордан Камчев кажа дека и дека никогаш немал контакт, ниту ги познава Фросина Ременски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ кои се обвинети во Меѓународен сојуз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk