Благодариме на вниманието уставни измени нема да има. Ова е пораката која ќе ја добие премиерот Димитар Ковачевски ако честита роденден и на други пратеници од опозоцијата.
Антонијо Милошоски му достави и список на Ковачевски.
Во прилог доставуваме календар за премиерот Ковачевски, кој си замислил да води дијалог со пратениците преку роденденски честитки, на кои љубезно ќе му биде одговорено, "благодариме на вниманието, но уставни измени под бугарски диктат нема да има", напиша тој.
Инаку пратеникот Љупчо Пренџов откри дека Ковачевски му честитал роденден, но му порача дека нема да му гласа за уставни измени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата