logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

Каков нов предлог даде Заев во Софија, ДАЛИ ГИ ПОНУДИ ИДЕНТИТЕТОТ И ИСТОРИЈАТА?

Vecer | 18.06.2021

Каков нов предлог даде Заев во Софија, ДАЛИ ГИ ПОНУДИ ИДЕНТИТЕТОТ И ИСТОРИЈАТА?

Дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во кое потенцираат дека  Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност.

-Воедно беше соопштено дека Заев дал предлог до Бугарската влада. Јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија. Нели се преговараше само португалскиот предлог?, стои во соопштнието.

Од партијата посочуваат дека Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

-Заев преку неговите изјави трајно го минира позициите на Македонија. Останува отворено кои се 5те историски личности за кои има согласност меѓу историските личности за кои Заев говори. Заев создава поделби во Македонија. Со Заев Македонија губи. Потребно е Заев да си оди, за Македонија да биде за сите луѓе, се наведува во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk