Тој е осомничен за сторени кривични дела „измама” и за „злоупотреба на лични податоци”.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(52) од Охрид. Тој е осомничен за сторени кривични дела „измама” и за „злоупотреба на лични податоци”.
Според МВР, во периодот февруари-април оваа година, кога издржувал казна затвор во Казнено поправната установа „Затвор”-Штип, со намера да стекне со противправна имотна корист, преку лажен фејсбук профил, остварил контакт со Г.П. од Охрид и доведувајќи го во заблуда, го убедил да обезбеди валидни лични податоци и документи од трето лице, кои подоцна ги злоупотребил за подигнување кредит од финансиско друштво кое се занимава со издавање брзи кредити.