logo
logo
logo

Како тоа Законот за амнестија поминал на владина постапка, а Спасовски вели дека не треба да има

Vecer | 02.10.2023

Како тоа Законот за амнестија поминал на владина постапка, а Спасовски вели дека не треба да има

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го повтори својот став дека со законскиот текст за амнестија нема да се постигнат ефекти.

-Јас искажав мој став и кажав дека тоа е мој став. Цврсто стојам на тој став дека со законскиот текст не се постигнуваат ефекти и дека треба да се размислува стратешки во правец на создавање на услови за да може тие оние кои се на издржување казни, да ги издржуваат казните, а не преку амнестии да ослободуваме простор во казнено-поправни установи, рече Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по првиот академски час на Факултетот за безбедност во Идризово.

Прашан каков е ставот на владејачката партија по однос на ова законско решение, кажа дека  политичките ставови за ова законско решение „ќе ги артикулираат пратениците во Собранието“.

Спасовски во саботата кажа дека е непотребно носење на законот за амнестија и оти неговата примена нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите. Според него, амнестираните, многу често по излегувањето од затвор, ги повторуваат делата.

Министерот за правда Кренар Лога пред 4 дена изјави дека Законот за амнестија ја добил поддршката во владина постапка и за десет дена истиот закон ќе биде пред пратениците во Собрание.

Тврдам дека ниту еден избран или именуван од страна на институциите нема да биде опфатен со амнестијата, исто така ниту семејното насилство и предмети врзани со семејно насилство нема да бидат дел од амнестијата. Значи се повторува законот од 2018 година, кога предлагач беа сите политички партии, со тоа што беше и ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ, ДУИ, Алијанса и сите други политички партии кои се дел од Собранието, изјави Лога.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk