logo
logo
logo

КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ПРВИОТ ОТВОРЕН ВИКЕНД НА ХАЛКИДИКИ, за оние кои не биле

Vecer | 17.05.2021

КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ПРВИОТ ОТВОРЕН ВИКЕНД НА ХАЛКИДИКИ, за оние кои не биле

Иако туристичката сезона во Грција официјално започна во саботата, вклучително и на нам блискиот Халкидики, сепак викендов грчките туристички места беа посетени само од локални туристи од Солун и ретко можеше да се види возило без грчки регистрации. Во полн сјај грчката ривиера се очекува да заживее после 1 јуни, зошто дотогаш доста од кафулињата, рестораните и апартманите планираат да останат затворени.

Одвај ја чекавме саботата, не само поради почетокот на туристичката сезона, туку и поради попуштањето на мерките, конечно дозволено е да се патува од еден во друг редион, и падна дожд!, се смее на судбината Кирјанос, сопственик на угостителски објект во Неа Потидеа во изјава за „Блиц“.

Секоја година го отворав ресторанот на 1 март, сега на 15 мај. Значи веќе изгубив два и пол месеци. Лани бев 50 отсто во загуба, што значи не ставив ни евро во џеб. Годинава мора да биде подобро. Очекувам значително повеќе странски туристи на крајот од крајот на мај, вели тој за српските репортери.

Работното време во угостителските објекти во Грција е ограничено до пола час по полноќ, но музиката не е дозволена. Маските се задолжителни и на отворено и на затворено, освен во кафулињата и во рестораните додека се јаде или пие. И посетителите на плажите, исто така, не носат маски. Засега лежалките се бесплатни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk