Унијата на Млади Сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ, денеска имаа герила акција пред Владата изразувајќи револт поради одморите на егзотични места на министерот за Борба против корупција Љупчо Николовски и поранешниот Генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

Во акцијата младите на ВМРО-ДПМНЕ оставија пред објектот на владата кафез со 4 ѕвезди со крема за сончање и путер.

Имено Рашковски потврди самиот дека е на одмор во Мексико заедно со неговото семејството, додека пак за министерот Николовски за кој се тврди дека бил на одмор во Дубаи, од владатапотврдија дека тој искористил три дена од годишниот одмор и потврдија ја поврдија информацијата која се појави во медиумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата