logo
logo
logo

Кафе дружба на Димитриевски со противкандидатите Михајловски, Димитровска и Салиу

Vecer | 22.10.2021

Кафе дружба на Димитриевски со противкандидатите Михајловски, Димитровска и Салиу

Максим Димитриевски независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, попладнево се сретна со неговите противкандидати за градоначалници Теодора Димитровска од ДОМ/ЛДП, Тони Михајловски на ВМРО-ДПМНЕ и Беким Салиу од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Куманово мора да продолжи да се развива! Ветувам дека по победата на локалните избори ќе ги разгледам програмите на моите против кандидати и добрите проекти ќе ги инкорпорираме во една програма која ќе значи добробит за сите кумановци. Граѓаните заслужуваат подобар квалитет на живот, понапредна општина, почисто и зелено Куманово. Ве повикувам на 31-ви октомври да го продолжиме патот кон европско и модерно Куманово!“, рече Димитриевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk