logo
logo
logo

КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?! Шилегов ГО ЗАДОЛЖИЛ СКОПЈЕ 8 пати повеќе од Коце Трајановски

Vecer | 14.06.2021

КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?! Шилегов ГО ЗАДОЛЖИЛ СКОПЈЕ 8 пати повеќе од Коце Трајановски

Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на Скопје. Тој е единствениот градоначалник кој нема започнато капитален проект во својот мандат.

И Ристо Пенов и Трифун Костовски ќе ги паметиме по нешто, Коце Трајановски по многу, а само Шилегов по ништо. Всушност на Петре Шилегов сите ќе се сеќаваат како на градоначалникот кој не работеше ништо. Град Скопје има 8.5 пати поголем долг сега, отколку пред 4 години.

Петре Шилегов го задолжи Скопје 8.5 пати повеќе, отколку што беше во времето на Коце Трајановски, се вели во обраќањето на ВМРО ДПМНЕ до јавноста.

Каде отидоа парите за кои Шилегов го задолжи градот? Градот е во долгови, а нема никаков капитален проект. Завршија ли сите буџетски пари во тендери и набавки на двојно или тројно претплатени стоки и услуги? 4 години Шилегов, 4 години украден живот. Доста е!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk