logo
logo
logo

Каде „ИСЧЕЗНАЛЕ“ 200.000 ЕВРА ОД КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ во 2022 година?

Vecer | 11.11.2024

Каде „ИСЧЕЗНАЛЕ“ 200.000 ЕВРА ОД КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ во 2022 година?

СДС и ДУИ на здравството гледале како на поле за испумпување на пари. Од Извештајот на ДЗР за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година, има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

Имено според Извештајот на ДЗР на 01.01.2022 година, вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, додека на крајот на годината бил помал за 12 милиони денари.

Зошто се јавува толку голема разлика во материјалната во споредба со сметководствената евиденција?

Дали и каде завршиле над 200 илјади евра?

Ова е само од една здравствена установа за една година. Што правеле СДС и ДУИ во останатите здравствени установи во текот на целото владеење?

ЈО да не чека и врз основа на Извештајот на ДЗР да отвори постапка. Одговорност мора да има, рече Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk