logo
logo
logo

Јужноафриканскиот сој на коронавирусот засега го нема во земјава

Vecer | 28.02.2021

Јужноафриканскиот сој на коронавирусот засега го нема во земјава

Во Македонија сè уште не е детектиран јужноафриканскиот сој на коронавирусот, но според анализите на лабораториите на болницата „Жан Митрев“ и МАНУ, 70 проценти од заразените се од британскиот сој.

Ова го кажа министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за Канал 5. Според него, зголемениот број на заболени со ковид-19 е бидејќи британскиот сој многу побрзо се шири.

„Се случува нешто и во околните земји како Албанија, Србија. Имаме зголемен број пациенти посебно во некои градови.

Навистина се зголеми бројот и на хоспитализирани пациенти во болниците во Кавадарци и Прилеп, тука некаде беше со истата динамика и приемот на пациенти во болницата во Охрид. Во другите градови ситуацијата е прилично мирна и стабилна“, рече Филипче.

Во овој момент, нагласи тој, имаме сосема доволен број болнички капацитети, а веќе се на располагање и ковид-центрите низ градовите во внатрешноста.

Филипче, засега не најавува нови рестрикции.

„Ситуацијата е таква да немаме онаков нагол раст на кривата како што имаше во месец ноември и сметаме дека засега мерките се добри.

Училиштата со овој режим на работа, ограничената бројка на деца во градинките. Така што ја следиме ситуацијата динамично. Имаме пораст посебно во некои градови на факторот на преносливост, но засега остануваме со истите превентивни мерки“,рече Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk