logo
logo
logo

ЈП Водовод и канализација со ИНВЕСТИЦИЈА ОД 13.9 МИЛИОНИ ДЕНАРИ за реконструкција на атмосферска канализација во Карпош

Vecer | 15.03.2022

ЈП Водовод и канализација со ИНВЕСТИЦИЈА ОД 13.9 МИЛИОНИ ДЕНАРИ за реконструкција на атмосферска канализација во Карпош

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, заедно со Градоначалникот на Општина Карпош, Стефчо Јакимовски извршија увид на работните активности за реконструкција на атмосферската канализација на ул. Кораб, во Општина Карпош.

Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за изведба на овој проект е 13.909.711 денари. Реконструкцијата се реализира со употреба на цевки со дијаметар од 1000, 800 и 300мм, со вкупна  должина од 372 метри.

Целта на проектот е реконструкција на атмосферската канализација, на улица Кораб и пренасочување по дел од ул. Јуриј Гагарин, со што ќе се надмине долгогодишниот проблем, со кој граѓаните од овој дел на Скопје се соочуваат, особено за време на пообилни врнежи.

Ова е дел од инвестициската програма на ЈП Водовод и канализација со која се прави ревитализација на атмосферската канализација и дел од заложбите за подобрување на условите за живот на скопјани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk