logo
logo
logo

Јовановски вели дека од Градот немало никаква реакција и баш поради тоа протестите ќе продолжат

Vecer | 06.12.2022

Јовановски вели дека од Градот немало никаква реакција и баш поради тоа протестите ќе продолжат

Нема никаква реакција од Градот Скопје, никој ништо не кажува од нивна страна и засега блокадите ќе останат, изјави за МИА директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски. Се чекаше известување од Градот за да видат што ќе прават, но нема никаков пристап или понуда за договор, засега блокадите остануваат, изјави Јовановски. Приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ од вчера наутро повторно протестираат со блокади на три од клучните сообраќајни точки во Скопје, односно на крстосницата пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден“ во околината на Градот Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk