logo
logo
logo

Јовановски: ЈСП НИ ДОЛЖИ ПОВЕЌЕ ОД 1 МИЛИОН ЕВРА, градоначалничката е погрешно информирана

Vecer | 24.11.2022

Јовановски: ЈСП НИ ДОЛЖИ ПОВЕЌЕ ОД 1 МИЛИОН ЕВРА, градоначалничката е погрешно информирана

Првиот човек на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски за „Студио 10“ вели дека со месеци не им се исплаќаат пари и не се почитува динамиката која ја договориле на последниот состанок. Долгот од ЈСП кон нив надминува еден милион евра. Потенцира дека е потребно итно решение за надминување на ситуацијата.

Ова што се случува е голем притисок за нас. Наместо да сме во Град Скопје и да најдеме решение, за жал мора да се докажуваме од обвинувањата по медиумите. Градоначалничката има едно објаснување, ние друго. Таа е погрешно информирана. И ако некаде треба да бара причина за ваквата лоша состојба треба да ја бара околу нејзините соработници или оние кои ја обвинуваат ситуацијава, изнесуваат неточни информации кои немаат врска со реалната состојба. Ситуацијата е сложена, вели Јовановски.

Додава дека ако се продолжи без наоѓање на решение, ќе се создадат уште поголеми проблеми.

Кога одите со некој да разговарате сметате дека тој има некакво решение. Нас не ни беше дадено решение. Едноставно кажуваат дека немаат пари, дека немаат средства за да течат исплатите и дека не знаат кога ќе имаат средства. Нас ЈСП ни дава средства. Градот нас не ни е должен туку како надлежен орган, како сопственик на ЈСП побаравме да помогне во дадената ситуација. Нас ни должат огромна сума на пари, малку повеќе од 1 милион евра. За да е уште полоша ситуацијата, сега завршува месецот и долгот ќе се зголеми за нови 25 милиони денари или над милион и пол евра долг кон Слобода превоз. Се должи од август до ноември. Не е како во ЈСП каде им каснеше платата 3 дена и се направи толкава бука и се реши проблемот. Ние зборуваме за долг повеќе од три месеци. Никој не се потруди да најде начин да го намали, вели Јовановски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk