logo
logo
logo

Јован раскажа за кобната ноќ: СТРАШНА ГЛЕТКА, ПИСКОТНИЦИ, ГИ ВАДЕВМЕ ЛУЃЕТО (ВИДЕО)

Vecer | 30.03.2025

Јован раскажа за кобната ноќ: СТРАШНА ГЛЕТКА, ПИСКОТНИЦИ, ГИ ВАДЕВМЕ ЛУЃЕТО (ВИДЕО)

Јован Костадинов од Виница кој кобната вечер во дискотеката Пулс во Кочани спасил околу 20 животи, со потресно сведоштво што се случувало за време на пожарот.

Јован останал присебен и благодарение на обуката бил меѓу најктивните во извлекувањето луѓе од запалениот објект сведочи за тоа како изгледало во моментите кога тој и другите кои извлекувале се соочиле со огнот, но и со сите речки кои биле пред нив пред се поради лошите услови во кабарето, но и поради заглавениот излез на кој имало многу луѓе.

„Влегов низ прозорецот на билетарницата, каде што лежеа четири или пет лица. Вратата беше блокирана од натрупаните тела. Ја скршивме вратата и почнавме да ги вадиме еден по еден, прво оние одозгора. Сите врескаа од болки бидејќи имаа тешки изгореници. Некои веќе беа во несвест. Отпрвин, луѓето кои беа свесни излегоа побргу, а потоа паднаа само оние кои беа густи, а потоа паднаа се случи неколку пати“, вели Јован.

Од внатре се слушаа само пискотници од девојки. Јас зедов една маса, го скршив прозорот и со цревото прскавме вода внатре, тие пискаа. Ги прскав со вода едно две-три минути. После јас го зедов цревото, се измокрив, а тие останаа уште да ги прскаат. Јас отидов на главниот влез, ама таму беа многу заглавени и немаше можност да влезеш. Влегов во таа соба, таму имаше четири или пет луѓе, вратата беше заглавена од луѓето што беа натрупани, ја скршивме вратата и почнавме да ги вадиме ден по еден, тие што беа најгоре сите врескаа, беа изгорени, имаше и онесвестени. Уште тогаш на почетокот и додека имаше свесни луѓе и додека беа сите идеше побрзо, тие што ги вадиш сами излегуваа надвор пред диското, ама потоа почнаа да се извлекуваат само онесвестени, почнаа само изгорени целите и едноставно ти мора да го изнесеш до пред надвор до пред диското на безбедно, вели Јован.

На почетокот ги изнесувале тие што биле свесни и им одело полесно, потоа ги излекувале повредените што биле без свест или паднати кај влезот на дискотеката. Сепка, по извесен период и на Јован му станалао лошо поради вдишувањето чад.

– Јас после тоа се освежив малку таму, имаше многу девојчиња што лежеа и една девојка лежеше на страна, знам и се тресеше и некој рече кој знае да помогне си го проголтала јазикот. И јас земав, фатив, и го потегнав јазикот, ама јас не сум го правел тоа, не знам како. После стигнаа докторки, и помогнаа, ја измија, ја качија во една кола. Ми беше многу лошо, очите ме печеја и ми се вртеше свест. Ме качија во една кола, во колата имаше уште двајца со мене, свесни, изгорени, јас им ги држев главите право, да не си го голтнат јазикот. Во болницата кога ги однесовме директно им ставија кислород, проверија дали имаат пулс. Таму во болницата беше хаос, вели Јован.

Јован помина неколку дена на Клиниката за токсиколигија, по што беше пуштен дома. За херојското дело што го направи, добие признанија од сите страни и степендија за студирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk