logo
logo
logo

Според Јотова Македонија ГО БЛОКИРА ПРОЦЕСОТ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Vecer | 30.01.2023

Според Јотова Македонија ГО БЛОКИРА ПРОЦЕСОТ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Со своите постапки Република Северна Македонија практично го блокираше нејзиниот процес за влез во Европската Унија, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова за „Bg on air“.

Според неа  Бугарија ќе застане зад секој граѓанин со бугарска самосвест.

„Нападите врз бугарските клубови во Охрид и Битола, бруталното претепување на Христијан Пендиков и со своето непостапување во однос на антибугарските настани, самата Република Северна Македонија го блокира процесот за влез во ЕУ“, рекла Јотова.

„Бугарија ќе го стави под лупа секое дејствување и акција поврзани со говорот на омразата. За жал денеска можеме да кажеме дека без разлика на толеранцијата со која го прифативме францускиот предлог, нема напредок ниту во работата на Мешовитата историска комисија. Особено по последната промена во процедурите за членство во ЕУ, Бугарија во секој момент може да го запре овој процес и ако продолжиме вака – не сум оптимистка“, додала Јотова.

Потпретседателката на Бугарија смета дека Македонија треба да заземе цврст став против говорот на омраза.

„Не гледаме ниту навестување, ниту прекор до оние, особено медиумите, во Македонија кои одамна ги преминаа границите на слободата на говорот и водат исклучително тешка бугарофобична кампања. Вакви пораки не слушаме од властите во земјата. Тогаш како да се чувствуваме и да веруваме дека го осудуваат тоа што се случува во Македонија во однос на тамошните Бугари“, вели таа.

Јотова нагласи дека преговорите ќе се одвиваат под јасни услови, меѓу кои и почитување на Договорот за добрососедство и почитување на правата на Бугарите во Македонија и нивно вклучување во Уставот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk