logo
logo
logo

Јорданов: Главен виновник за покачување на водата во Штип е локалната власт од СДСМ

Vecer | 01.02.2021

Јорданов: Главен виновник за покачување на водата во Штип е локалната власт од СДСМ

Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што мисли народот“   зборуваше за локалните проблеми во Штип односно за покачувањето на цената на водата во Штип каде истакна дека одговорни за покачување на водата во Штип е локалната власт во Штип.

„Актуелна беше темата за покачување на водата во Штип и ние како партија го кажавме нашиот став. Во еден ваков момент кога имаме финансиска и здравствена криза, кога луѓе остануваат без работа секојдневно не само што се качува цената на водата има покачување на електричната енергија, покачена е акцизата.

„Секојдневно се земааат парите од граѓаните покачени се основните цени за живот, а од друга страна велат дека ги враќаме парите кај граѓаните. На овој ли начин ги враќаат парите на граѓаните со покачување на цената на водата? Ако расипнички се трошеле парите, ако сте правеле партизација и зголемиле трошоците, сте ги потрошиле на непродуктивни трошоци нормално е дека ќе се зголемат и расходите и сега ќе се правдате дека регулаторна ви посочила дека треба да се зголеми цената на водата.

„Регулаторна може да ви посочи а не да донесе одлука, одлуката  ја носи Советот на општина Штип  и одговорно тврдам дека одлуката за покачување на цената ја имаат донесено претставниците на СДСМ  во  Советот на општина Штип и подржана од актулениот градоначалник и директорот на ова претрпијатие, кажа Јорданов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk