logo
logo
logo

Јавниот превоз во Скопје во понеделник по неделен возен ред, Жичарницата ќе работи вообичаено

Vecer | 29.04.2022

Јавниот превоз во Скопје во понеделник по неделен возен ред, Жичарницата ќе работи вообичаено

Поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз во Скопје в понеделник ќе се одвива по неделен возен ред. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе работат билетарниците кај Транспортниот центар и Зелено пазарче, како и во Ѓорче Петров. Утре, сабота (30.04.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а недела (1.05.2022 год) е неработен ден за сите продажни места. Жичарницата за време на претстојниот викенд, како и в понеделник ќе функционира вообичаено од 10 до 18 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk