Бегства од затворите секогаш имало и секогаш ќе има. Едно бегство може и да чини шестцифрена сума во евра, а јавна тајна е дека во затворите се корумпирани. Последниот случај кој се случи можеби прелea една состојба која трае подолго бидејќи свесно не се преземени мерки за безбедност и не е постапени по правилниците за спровод на лице до медицинска установа, вели Виктор Цветковски, поранешен директор на Управата за извршување на санкции во интервју за Република.
Според него дискутабилна е медицинската природа на повредата на екстремитетите која можела да почека и до другиот ден кога ќе се отворат амбулантите и болниците.
„Проблемот е што е дозволено, тука веројатно одлучува командирот и тука е првата грешка. Втората е спроводот, начинот каде седел, дали имал врзани раце и сл. Ова се свесни пропусти, сигурно дека ова било подготвувано и било бирано времето, смената, избегнувањето на сообраќајниот метеж. Подготвувано е ова многу претходно, рече тој.
Тој објаснува и колку пари чини едно бегство.
-Се работи за шестоцифрени бројки во евра-открива адвокатот Цветковски.
Тој вели оти е јавна тајна дека затворот во Идризово има присуство на корупција, посебно во делот на службата на обезбедување.
Затворите премногу се партизирани, во Идризово и во Шутка постојат структури поставени по партиските хиерархии. Тоа мора да се искорени. Треба да се размислува за тоа политиката да биде вмешана по казнено поправните домови максимум до директорот за извршување на санкции а надолу директорите на КП установи да бидат професионалци од внатре, изјави Цветковски
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата