logo
logo
logo

Јаневска: Реформите на Царовска ги носат НЕТРАНСПАРЕНТНО ИЗБРАНИ ЛУЃЕ

Vecer | 14.05.2021

Јаневска: Реформите на Царовска ги носат НЕТРАНСПАРЕНТНО ИЗБРАНИ ЛУЃЕ

Реформите на Царовска не само што нема да бидат успешни туку ќе допринесат до поголем проблем во образованието и до послаб успех на учениците, а наставниците ќе бидат бескрајно измачени, вели Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Таа додаде дека  творци на реформите на Царовска се група на луѓе од Бирото за развој на образованието и група на професори кои се бирани арбитрабно, односно министерката одлучила дека треба да се изберат баш тие.

Јаневска  посочи дека проблемот не е само што луѓето се нетранспаретно се избрани, туку не се слуша гласот на стручната јавност и на граѓаните, што можеше да се види и до собраниската расправа во која опозицијата и стручната јавност беа на една страна, а Царовска на друга и која остана без заклучоци.

- За жал таа собраниска седница која беше прекрасна каде што имаше аргументи, каде што можеше да се слушнат многу убави идеи, и критики се разбира, конструктивни, остана без заклучоци, за тоа што не можеме да се усогласиме односно министерката упорно смета дека концепцијата и реформите кои ги спроведува ќе бидат успешни, а ние аргументирано тврдиме дека не можат да бидат успешни, рече Јаневска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk