logo
logo
logo

Јанчев: Мислам дека ќе бидам КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ, со Мицкоски сме во интензивна комуникација

Vecer | 03.06.2021

Јанчев: Мислам дека ќе бидам КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ, со Мицкоски сме во  интензивна комуникација

Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци најави дека на претстојните локални избори уште еднаш ќе ја бара довербата на граѓаните за втор градоначалнички мандат.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе му ја даде довербата на локалните.

- Мислам дека ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Секој можен противкандидат кој може да направи за Кавадарци, би дозволил да има дискусија, не би именувал никој. Не мора да се каже дека ако некое име се врти сега (Наќе Чулев), не значи дека тој ќе е противкандидат за градоначалник. Јас не верувам дека има шанси ВМРО-ДПМНЕ да не ми ја даде довербата. Мислам дека партијата треба да се соедини, да направиме добри резултати на наредните локални избори. Разликите во мислењето треба да го ставиме настрана, за доброто на граѓаните, рече Јанчев.

Јанчев вели дека ги надминале несогласувањата со претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

- Имаше моменти кога имавме послаба комуникација со Мицкоски, но сега имаме поинтензивна комуникација. Од раководството не сум слушнал да ме критикуваат дека сум одработувал за власта, никогаш не сум работел против партијата, во иднина сакаме нормализирање на соработката во сите општини, без разлика кој ќе е во централната или локалната власт, вели Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци во Студио 10 на ТВ24.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk