logo
logo
logo

ЈА ЗАПАЛИ ЧЛЕНСКАТА ОД СДСМ, и него го излажале

Vecer | 22.09.2021

ЈА ЗАПАЛИ ЧЛЕНСКАТА ОД СДСМ, и него го излажале

Револтиран граѓанин ја запали книшката на СДСМ и ги обвини Заев и Миликије Халими (видео)

Жителот на селото Орланце на Општина Арачиново преку видео ја раскажа голготата што ја доживеал како резултат на лажните ветувања од премиерот Заев, но и градоначалникот на Арачиново, Миликије Халими и претседателот на огранокот на СДСМ-Арачиново, Агрон Халими.

Граѓанинот вели дека работел на скопскиот аеродром 18 години, но по здравствен проблем ја започнал постапката за добивање право на инвалидска пензија, но работите не оделе добро.

Тој вели дека по долго време не добил никаков одговор од пензискиот фонд или Министерството за труд и социјална политика и барал помош насекаде.

Беким Халими вели дека добил ветување директно од премиерот Заев дека ќе му се регулира работата и ќе добие инвалидска пензија, вели дека добил и ветувања и гаранции од градоначалничката Миликије Халими и претседателот на Огранокот на СДСМ во Арачиново.

Бекими вели, ме излажаа, ме оставија без пензија, без работа и здравје, без приходи.

Беким Халими во знак на револт ја запалил членската книшка на СДСМ.

За повеќе следете го видеото:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk