logo
logo
logo

ЈА ТУЖЕЛ МВР, зошто му дале документи со старо име, а Преспанскиот договор бил на сила

Vecer | 30.10.2024

ЈА ТУЖЕЛ МВР, зошто му дале документи со старо име, а Преспанскиот договор бил на сила

Уставниот суд утрово одржува седница. На дневен ред се 7 иницијативи и едно интересно барање за заштита на слободите и правата.

Имено, граѓанин смета дека со дејствијата на МВР, конкретно со издавање на неговиот пасош и лична карта со старото име на државата, иако „Преспанскиот договор“ бил во правна сила повеќе од две години, му е загрозено уставно загарантираното право слободно да ја напушти територијата на државата и да се врати во неа.

Со овие дејствија на Министерството за внатрешни работи подносителот на барањето смета дека е ставен во понеповолна положба во однос на другите граѓани на Македонија кои извадиле пасош, лична карта и возачка дозвола во втората половина на 2021 година со новото име на државата и МВР сторило дискриминација врз подносителот врз основа на национална и социјална припадност, стои во наводите од барањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk