logo
logo
logo

Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника Жан Митрев

Vecer | 29.11.2024

Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника Жан Митрев

Првата неврохируршка операција на Одделот за неврохирургија во Клиника Жан Митрев е изведена со врвен неврохируршки микроскоп, единствен во државата. Неврохируршкиот тим предводен од проф. д-р Владимир Рендевски, заедно со д-р Михаил Таушанов и останатите членови на  интердисциплинарната медицинска екипа, успешно изведоа операција на ‘рбетниот столб на пациентка со огромни болки во кичмата и неподвижна десна нога.

Со исклучителното ниво на визуелизација преку микроскопот чии оптички леќи ги пребојуваат туморите, беше обезбедена јасна дистинкција на болното од здравото ткиво, што овозможи искусниот тим со најмала инвазивност да ги отстранат сите тумори.

Микроскопот од брендот Цајс модел Киево 900, е единствен во државата од ваков вид и со ваква примена. Со неговите врвни перформанси се овозможува висок степен на визуелна прецизност при оперативни зафати од разни патологии од доменот на неврохирургијата вклучувајќи и васкуларни заболувања како аневризми и онколошки заболувања односно карциноми. Во иднина ќе биде користен за интракранијални и кичмени операции за кои досега пациентите заминуваа најчесто надвор од државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk